Владиниот проект наречен "Купи куќа - купи стан", чија цел е граѓаните полесно и поевтино да дојдат до покрив над главата, ќе му даде импулс и на градежниот сектор во државата, категорични се градежниците. Вториот позитивен аспект на кој тие типуваат е тоа што преку ограничената цена на становите што ќе се купуваат со владина поддршка на најмногу 900 евра за квадрат, конечно ќе заживее станбената изградба на периферијата на Скопје и во внатрешноста на државата, каде што со децении владее мртвило. И Групацијата за градежништво при Стопанската комора на Македонија и Градежната комора при Сојузот на стопански комори се единствени во поддршка на проектот за кој сметаат дека ќе им отвори многу работа на градежните фирми, што за нив е најважно. Во двете комори се воздржани за проценките дали овој проект ќе помогне за спуштање на цената на станбениот квадрат, која последниве години вртоглаво расте и оставаат тоа и другите бенефити за градежниците да се видат кога ќе почне да се спроведува.
Владиниот проект наречен "Купи куќа - купи стан", чија цел е граѓаните полесно и поевтино да дојдат до покрив над главата, ќе му даде импулс и на градежниот сектор во државата, категорични се градежниците.
Вториот позитивен аспект на кој тие типуваат е тоа што преку ограничената цена на становите што ќе се купуваат со владина поддршка на најмногу 900 евра за квадрат, конечно ќе заживее станбената изградба на периферијата на Скопје и во внатрешноста на државата, каде што со децении владее мртвило.
И Групацијата за градежништво при Стопанската комора на Македонија и Градежната комора при Сојузот на стопански комори се единствени во поддршка на проектот за кој сметаат дека ќе им отвори многу работа на градежните фирми, што за нив е најважно. Во двете комори се воздржани за проценките дали овој проект ќе помогне за спуштање на цената на станбениот квадрат, која последниве години вртоглаво расте и оставаат тоа и другите бенефити за градежниците да се видат кога ќе почне да се спроведува.
- Здружението за градежништво при СКМ овој проект го поддржа уште во стартот, зашто ќе има градење, ќе заживее станбената изградба - вели Марија Петреска од ова Здружение.
Ист е ставот и на претседателот на Градежната комора при ССК, Сеат Кочан.
- Го поздравуваме секој напор на Владата да го развие пазарот и да помогне да се продаваат нашите производи. Како ќе влијае на цените на квадратот ќе видиме. Ќе чекаме да се донесат подзаконските акти, да се утврдат сите детали за проектот, па ќе почнеме да ги правиме бизнис-плановите - истакнува Кочан.
Тој смета дека Владата не е во право кога вели дека претходното решение за намалување на ДДВ за новоградбите од 18 на 5 отсто не дало ефекти, па додава дека данокот не треба да се врати на старо, зашто во комбинација со проектот Купи куќа купи стан" данокот од пет отсто ќе даде вистински ефект. Според него цената на становите и покрај намалениот ДДВ не паднала, туку пораснала затоа што во меѓувреме поради зголемената побарувачка се зголемила цената на градежното земјиште.
- Ако пред две години сопственикот на земјиштето од инвеститорот добиваше 18 до 25 отсто од нето-површината на објектот, сега тој процент порасна на 35. Тука отиде разликата од намалениот ДДВ - објаснува Кочан.
Затоа тој предлага да се интензивира продажбата на државното градежно земјиште наменето за станбена изградба и смета дека со пониските цени што ги дава државата ќе му се даде дополнителен позитивен ефект на проектот Купи куќа, купи стан".
Државниот завод за статистика потврдува дека трошоците за купување земјиште се во пораст. Трошоците за набавка, подготовка и комунално опремување на квадрат земјиште за градење во 2009 година изнесувале 9.711 денари, а лани - 14.426 денари, во услови кога трошоците за градење биле помали за 4.662 денари.
Кочан посебен акцент става на можноста преку овој владин проект од центарот на Скопје и поголемите градови во државата, кои веќе се гушат од објекти, станбената изградба да се пресели на периферијата на главниот град и во градовите од внатрешноста, каде што сега практично и ја нема. Статистиката го поткрепува и овој податок. Според најновата публикација за градежништвото издадена од Државниот завод за статистика од вкупно 5.152 станови изградени лани во државата, 2.062 се во Скопскиот регион. Најатрактивни локации за градење биле Кисела Вода и Карпош, каде што се изградени 363, односно 328 станови, а многу атрактивни за градежниците биле и Аеродром и Центар, каде што се изградени по повеќе од 250 станови. Во пелагонискиот регион речиси сите станови биле сконцентрирани во Битола, каде што од вкупно 362 се подигнале 233, додека во Прилеп, на пример се изградиле само 48 станови. Градежниците биле доста активни и во Гевгелија, каде што изградиле 107 станови, во Струга со 284 и во Охрид со 267 новоизградени станови. Интензивна градба имало и во Полошкиот регион, каде што се регистрирани 960 нови станови од кои 395 во Тетово, 250 во Гостивар и 171 во Боговиње. Во североисточниот дел од државата времето како да запрело. Изградени се само 154 станови, безмалку сите во Куманово.
Од овие причини стартот на проектот го очекува сопственикот на градежната компанија Кат Костов", Атанас Костов, кој гради евтини станови на не многу атрактивни локации во Скопје. Тој вели дека неговите станови во скопски Припор со цена под 900 евра за квадрат се вклопуваат во проектот Купи куќа, купи стан". И тој и Љупчо Бораниев од компанијата Бортас" сметаат дека нема шанси проектот да го опфати центарот на Скопје и поатрактивните делови на градот, каде што цената на квадратот не може да се спушти поради скапото земјиште. Тие велат дека во атрактивните делови на градот земјиштето е и до 30 пати поскапо отколку во периферните и во градовите од внатрешноста. На пример, во Хиподром, Маџари, Ченто приватни сопственици продаваат евтино земјиште и државата има плацови што ги продава со почетна цена од едно евро за квадрат. За разлика од таму во Карпош квадрат од една градежна парцела се продава и за над 100 евра. Затоа, становите во одделни градови во внатрешноста се продаваат и за половина од цената на тие во Скопје.
Владата плаќа половина рата или половина учество
Проектот "Купи куќа - купи стан", што треба да стартува на први јануари идната година има две варијанти: пола-пола рата за првите пет години и 50 отсто учество за купување стан, односно изградба на куќа. На првиот начин ќе се субвенционира половина од месечната рата за период од пет години. Каматата во првите три години не смее да биде поголема од 4,99 отсто годишно. Средствата за субвенционирање на ратата се неповратни.
Во втората варијанта државата ќе плати половина од учеството за кредитот, кое не смее да надмине 25 отсто од неговата висина, а каматата треба да е пониска од ЕУРОЛИБОР + 4,5 отсто. Парите за учеството што ќе ги добие од државата корисникот ќе треба да ги врати по 20 години на пет еднакви рати. И во двата случаја државната помош се дава за кредити до 50.000 евра, квадратниот метар од станот или куќата што се купува заедно со ДДВ не смее да надмине цена од 900 евра, а рокот на отплата не треба да е пократок од 20 години.